
Гледање на ажурирањата на статус на Вашите пријатели во почетниот екран
Кога ќе се пријавите во услуги за друштвени мрежи, како што се Facebook или
Twitter, преку Ovi by Nokia, можете да ги гледате ажурирањата на статус на
Вашите online пријатели директно во почетниот екран.
Пребарувања за ажурирања во почетниот екран
Кога сте пријавени на некоја услуга, можете да ги гледате ажурирањата во
додатокот за друштвени мрежи.
Отворање на апликацијата Друштвени мрежи од почетниот екран
Одберете го додатокот за Друштвени мрежи. Ако сте пријавени, се отвора приказот
на ажурирања на статус. Ако не сте пријавени, се отвора приказот за пријавување.