
Вметнување или отстранување на SIM картичка
Не залепувајте лепенки на Вашата SIM картичка.
Важно: Не користете мини-UICC SIM картичка, исто така позната како
микро-SIM картичка, микро-SIM картичка со полнач или SIM картичка што има
мини-UICC исечок (види слика) во овој уред. Микро SIM картичката е помала од
стандардната SIM картичка. Овој уред не ја поддржува употребата на микро-SIM
картички и употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката.
1 Поклопец на слот за мемориска картичка
2 Поклопец на слот за SIM картичка
Вметнете ја SIM картичката
1 Исклучи го уредот.
За почеток 11

2 Користете го ноктот за да го отворите поклопецот од слотот за мемориската
картичка.
3 Отворете го поклопецот на слотот за SIM картичката.
4 Вметнете ја SIM картичката. Притиснете ја картичката навнатре додека не чуете
клик.
Бидете сигурни дека областите за контакт на картичката се свртени надолу.
12 За почеток

Отстранете ја SIM картичката
1 Исклучи го уредот.
2 Користете го ноктот за да го отворите поклопецот од слотот за мемориската
картичка.
3 Отворете го поклопецот од слотот за SIM картичката и туркајте ја картичката
внатре додека не слушнете клик.
4 Извлечете ја картичката.