Полнење на батерија преку USB
Батеријата е слаба, но Вие не го носите полначот со Вас? Можете да користите
компатибилен USB кабел за се поврзете со некој компатибилен уред, како
компјутер.
За да одбегнете кршење на приклучокот на полначот, бидете внимателни кога го
вклучувате или исклучувате кабелот на полначот.
16 За почеток
Ако сте поврзани со компјутер, додека го полните можете да го синхронизирате
Вашиот уред.
Полнењето преку USB може да потрае подолго пред да започне и може да не успее
ако сте поврзани преку USB приклучок што не пренесува енергија. Уредот се полни
побргу кога е поврзан со ѕиден штекер.
Светлото на индикаторот за полнење до USB конекторот свети кога батеријата се
полни. Кога батеријата е слаба, светнува индикаторот за полнење. Може да потрае
некое време пред полнењето да започне.