Nokia N8 00 - Зачувување на податоците за локација на Вашите слики и видео записи

background image

Зачувување на податоците за локација на Вашите слики и видео записи

Ако некогаш не можете да се сетите каде точно сте снимиле некоја слика или видео

запис, можете да го поставите Вашиот уред да ја зачувува локацијата автоматски.
Податоци за локација може да се додадат на некоја слика или видеозапис доколку

можат да се утврдат координатите на локацијата преку мрежа и GPS. Доколку

споделувате слика или видеозапис со додадени податоци за локацијата, тие

податоци може да ги видат други лица кои ја гледаат сликата или видеозаписот.

Додавањето гео-ознаки можете да го исклучите во прилагодувањата на камерата.
Притиснете и задржете го копчето за камера.
Активирање на функцијата за зачувување на локацијата

Одберете

Options

>

Settings

>

Save location info

>

Yes

.

Може да потрае неколку минути за да се добијат координатите на Вашата локација.

На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да влијаат Вашата околина,

згради, природни пречки како и временските услови. Ако споделувате некоја

датотека која што вклучува информација за локација, информацијата за

локацијата исто така се споделува и Вашата локација може да биде видлива од

трети страни кои што ја гледаат датотеката. Оваа функција бара мрежна услуга.
Индикатори за информација за локација:

— Информацијата за локацијата не е достапна. Податоците за локација може

да не бидат зачувани на сликите или видео записите.

— Податоците за локација не се достапни. Податоците за локација се зачувани

на сликите или видео записите.