Направете фотографија
Притиснете и задржете го копчето за камерата.
1 Притиснете го копчето за камерата до половина за да го наместите фокусот на
некој објект (не е достапно за сцени на пејсажи или спортска сцена). Се
прикажува зелен индикатор за заклучен фокус. Доколку фокусот не е заклучен,
се прикажува црвен индикатор за фокус. Отпуштете го копчето за камерата и
потоа повторно притиснете го до половина надолу. Исто така, можете да
фотографирате без да го наместите фокусот.
2 Притиснете го копчето за камера. Не го помрднувајте уредот пред сликата да
се зачува и крајната слика не се прикажува.
Зумирање или одзумирање
Користете ги копчињата за јачина на звук.
Активирање на опцијата за следење лица
1 Одберете
>
Face detect.
. Барачот за лица ги наоѓа и црта бели
правоаголници околу лицата дури и кога тие се движат. Околу најважното
лице има нацртано жолт правоаголник.
2 За да го задржите фокусот на најважното лице, притиснете го копчето за
фотографирање до половина надолу. Се прикажува зелен индикатор за
заклучен фокус.
68 Камера
3 Притиснете го копчето за камера. Не го помрднувајте уредот пред сликата да
се зачува и крајната слика не се прикажува.
Сликите и видео записите се зачувани во масовната меморија.