Снимање на видео запис
Покрај фотографирање со Вашиот уред, исто така, можете да ги снимате Вашите
посебни моменти како видео записи.
Притиснете и задржете го копчето за камерата.
1 За да се префрлите од режим на слики на режим на видео, ако е потребно,
одберете .
2 За да започнете со снимањето, притиснете го копчето за камерата. Се
прикажува црвена икона за снимање.
3 За да го паузирате снимањето, одберете
Pause
. Ако го паузирате снимањето и
не притиснете било кое копче за пет минути, снимањето стопира.
За да зумирате или одзумирате, користете ги копчињата за јачина на звук.
4 За да го прекинете снимањето, притиснете го копчето за камерата. Видеото е
автоматски зачувано во Photos.
Можете да снимате видео записи со висока резолуција. Ако снимате видео записи
на мемориска картичка, за најдобар учинок, користете брзи, високо-квалитетни
microSD картички од добро познат произведувач. Препорачаната класа за microSD
картичката е 4 (32 Mbit/s (4 MB/s)) или повисока.
Совет: Можете да го испратите Вашето видео како мултимедијална порака. За да
ја ограничите големината на видеото за испраќање, пред да започнете со снимање,
одберете
Options
>
Settings
>
Video quality
и влечете го лизгачот до
Basic
.