Nokia N8 00 - Совети за слики и видео записи

background image

Совети за слики и видео записи

Притиснете и задржете го копчето за камерата.
Кога фотографирате:

Користете ги двете раце за смирено да ја држите камерата.

Кога зумирате, квалитетот на сликата може да се намали.

Камерата го вклучува режимот на штедење на батеријата по една минута

неактивност. За да ја активирате камерата повторно, кратко притиснете го

копчето за камерата.

Можете да поставите корисничка сцена којашто ќе биде користена како

стандардна сцена секој пат кога ќе ја отворите камерата. Одберете

>

Scene mode

>

User defined

>

Edit

. Изменете ги прилагодувањата и одберете

Set as default scene mode

>

Yes

.

Одржувајте безбедно растојание кога го користите блицот. Не го користете

блицот на луѓе или животни одблизу. Не го покривајте блицот додека

фотографирате.

За да снимите видео со висок квалитет:

Пред да започнете со снимањето, затворете ги сите отворени апликации.

Снимајте во масовната меморија на уредот, ако е можно.

70 Камера

background image

Ако снимате на microSD мемориска картичка, користете картичка од класата 4

(32 Mbit/s (4 MB/s)), или повисока, од добро познат произведувач.
Пред првата употреба, направете резервна копија од сите важни податоци на

картичката и искористете го уредот да ја форматирате картичката, дури и ако

картичката била претходно форматирана или користена со друг уред на Nokia.

Форматирањето ги брише сите податоци на картичката.
Ако со текот на времето се намали учинковитоста на мемориската картичка,

направете резервна копија од сите важни податоци на картичката и

искористете го уредот да ја форматирате картичката.