Nokia N8 00 - За методите на позиционирање

background image

За методите на позиционирање

Мапи ја прикажуваат Вашата локација на мапата користејќи GPS, A-GPS, WLAN или

мрежно (cell ID) позиционирање.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е сателитски навигациски систем

наменет за пресметување на Вашата локација. Assisted GPS (A-GPS) е мрежна услуга

што Ви испраќа GPS податоци, со подобрена брзина и прецизност на

позиционирањето.
Позиционирањето преку WLAN ја подобрува точноста кога GPS сигналите не се

достапни, посебно кога сте внатре или помеѓу високи згради.
Со мрежно (cell ID) позиционирање, положбата се одредува преку антенски систем

со кој Вашиот мобилен уред е моментно поврзан.
За да ги одбегнете трошоците за мрежни услуги, можете да ги оневозможите A-GPS,

WLAN и мрежното (cell ID) позиционирање во прилагодувањата за позиционирање

во Вашиот уред, но пресметувањето на Вашата локација може да трае подолго. За

повеќе информации за прилагодувањата за позиционирање, видете го упатството

за корисникот од Вашиот уред.
На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да влијаат Вашата локација,

положбата на сателитите, зградите, природните пречки, временските услови и

прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите

Држави. GPS сигналите можат да бидат недостапни во внатрешноста на згради или

под земја.
Не користете GPS за прецизни мерења на локации и никогаш не потпирајте се

исклучиво на податоците за локацијата обезбедени од GPS и мобилните мрежи.

90 Мапи

background image

Мерачот на патот може да биде неточен, во зависност од достапноста и квалитетот

на Вашата GPS конекција.

Забелешка: Користењето WLAN може да биде ограничено во некои земји.

На пример, во Франција, дозволено е користење WLAN само во затворен простор.

За повеќе информации, контактирајте ги Вашите локални власти.
Во зависност од достапните начини за позиционирање, прецизноста на

позиционирањето може да се разликува од неколку метри до неколку километри.