Копирање на музика од Вашиот компјутер
Дали имате музика на Вашиот компјутер што сакате да ја слушате на Вашиот
уред? Nokia Ovi Suite е најбрзиот начин за пренос на музика до Вашиот уред и
можете да го користите за управување и синхронизација на Вашата музичка
колекција.
80 Музика и аудио
1 Користете компатибилен USB кабел за податоци за да го поврзете Вашиот уред
со компатибилен компјутер.
2 На Вашиот уред, во горниот десен агол, одберете ја областа за известување и
одберете
>
Media transfer
.
3 Отворете Nokia Ovi Suite на Вашиот компјутер и следете ги прикажаните
упатства. За повеќе информации, погледнете во упатството за корисникот за
Nokia Ovi Suite.
Даунлоадирајте ја најновата верзија на Nokia Ovi Suite од www.ovi.com.
Некои музички датотеки можат да бидат заштитени со управувањето со дигитални
права (DRM) и не можат да бидат пуштени на повеќе од еден уред.