Употреба на виртуелната тастатура
Ако претпочитате употреба на алфанумеричка тастатура кога пишувате во режим
на портрет, можете да се префрлите од виртуелната клавијатура на виртуелната
тастатура.
1 Одберете поле за внесување текст.
2 Одберете >
Alphanumeric keypad
.
28 Основна употреба
1 Копчиња со броеви
2 * - Внесете посебен знак или кога режимот на предвидливо внесување текст е
активиран и зборот е подвлечен, кружете низ зборовите што се кандидати.
3 Копче shift key - Ја променува големината на буква. За да го активирате или
деактивирате режимот на предвидливо внесување текст, брзо одберете го
копчето два пати. За да се префрлате помеѓу режимите на букви и броеви,
одберете и задржете го копчето.
4 Копче затвори - Затворање на виртуелната тастатурата.
5 Копчиња со стрелки - Движење на курсорот лево или десно.
6 Мени за внесување - Го активира предвидливо внесување текст, менува јазик
на пишување или префрла на виртуелна тастатура.
7 Копче backspace - Бришење на знак.
8 Индикатор за внесување текст (ако е достапен) - Ја покажува големината на
буквата и активацијата на режим на буква или број или режим на предвидливо
внесување текст.