
Offline употреба на Вашиот уред
Во места каде што не сакате да остварувате или да примате повици, може сè уште
да пристапите до Вашиот календар, листата на контакти и offline игри, доколку го
активирате offline профилот. Исклучете го уредот кога употребата на мобилен
телефон не е дозволена или кога тој може да предизвика пречки или опасност.
32 Основна употреба

Во почетниот екран, одберете го профилот и
Offline
.
Кога е активирате offline профилот, конекцијата со мобилната мрежа е исклучена.
Сите радио фреквентни сигнали помеѓу уредот и мобилната мрежа се
оневозможени. Ако се обидете да испратите порака, таа ќе биде поставена во
папката на Појдовното сандаче и ќе биде испратена само кога е вклучен некој друг
профил.
Исто така, можете да го користите Вашиот уред без SIM картичка. Исклучете го
уредот и отстранете ја SIM картичката. Кога повторно ќе го вклучите, offline
профилот е активиран.
Важно: Во offline профилот не можете да остварувате или примате било
какви повици, или да користите други карактеристики за кои е потребно мрежно
покривање. Можете да го повикате официјалниот број за итни слуачи програмиран
во Вашиот уред. За да упатувате повици, морате прво да се префрлите на друг
профил.
Кога е активиран offline профилот, сè уште можете да се поврзете на WLAN, на
пример, да ги читате Вашите e-mail пораки или да пребарувате на интернет. Исто
така, можете да користите Bluetooth. Запомнете да ги почитувате сите какви било
применливи безбедносни барања кога воспоставувате и користите WLAN или
Bluetooth конекции.