
Зголемување на достапната меморија за повеќе содржина
Дали е потребно да ја зголемите достапната меморија на уредот, така што ќе
можете да инсталирате повеќе апликации и да додадете повеќе содржини?
Пренесете ги податоците во масовната меморија, некоја компатибилна мемориска
картичка (доколку е достапна) или на компатибилен компјутер.
Исто така можете да го отстраните следново, доколку не е потребно повеќе:
•
Текстуални, мултимедијални и е-mail пораки
•
Записи за некој контакт и детали
•
Апликации
•
Инсталациони датотеки (.sis или .sisx) за инсталираните апликации. Во
компатибилен компјутер направете резервна копија на датотеките.
•
Слики и видео во Фотографии. Во компатибилен компјутер направете резервна
копија на датотеките.
Совет: Доколку се инсталирани пробни или демо апликации со истечен рок,
отстранете ги.